ФОТО | Овие две убавици се внуки на принцезата Дијана и најпознати аристократки
Сестрите близначки и роднини на покојната принцеза Дијана веќе ги „собраа“ симпатиите на публиката кога се појавија на забава по повод Неделата на модата во Лондон.
Препорачано
Кити Спенсер, најпозната во семејството по славната покојна тетка, изгледаше феноменално во тигрест фустан од брендот „Долче и Габана“, комплетирана со кожна јакна. Меѓутоа, во јавноста најмногу внимание привлекоа помладите сестри близначки, Амелија и Елиза.
View this post on Instagram
Елиза и Амелија носеа фустани од брендот „Мајкл Корс“. Елиза избра креација во темносива боја со светкава ткаенина, додека Амелија блескаше во слична тоалета, но во црна боја.
Близначките кои изгледа елеганцијата ја наследиле од својата тетка, неодамна беа избрани за едни од најубавите аристократки на светот, според изборот на списанието „Татлер“.

Амелија за споменатото списание изјави дека со својата сестра близначка има нераскинлива врска, и дека отсекогаш се блиски и многу слични, не само физички туку и карактерно.
View this post on Instagram
Медиумите ги нарекуваат уште и „аристократките со најубави лица на светот, како ангели“.


