ФОТО | „Ова е Роки 13“: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија први фотографии од синот

Фото: Инстаграм/Кортни Кардашијан

Ѕвездата на реалните шоуа Кортни Кардашијан (44) и музичарот Тревис Баркер (48) ги објавија првите фотографии од нивниот двомесечен син Роки 13.

Облечени во црна облека, двојката направи фотосесија со нивното прво заедничко дете, кое го добија во ноември годинава. На една од фотографиите, Кардашијан го дои најмладиот член на семејството.

Фото: Инстаграм/Кортни Кардашијан
Фото: Инстаграм/Кортни Кардашијан
Фото: Инстаграм/Кортни Кардашијан
Фото: Инстаграм/Кортни Кардашијан

Тие долго време се обидуваа да станат родители – по природен пат, но и со помош на ин витро процедура. Среќата им се насмевна на почетокот од годинава, а радосната мајка ја сподели убавата вест дека е бремена на еден од концертите на Баркер и неговата музичка група „Блинк-182“.

Кардашијан се појави со транспарент на кој пишуваше: „Тревис, бремена сум“.

Фото: Инстаграм/Кортни Кардашијан

Да потсетиме, Кардашијан веќе ги има синовите Мејсон (13) и Рејн (8) и ќерката Пенелопе (11) со поранешниот партнер Скот Дисик. Баркер е татко на Лендон (20) и Алабама (17), кои ги има со Шана Моаклер. Тој е очув на ќерката на Моаклер, Атијана (24), која таа ја доби со нејзиниот поранешен партнер Оскар Де Ла Хоја.

Минатиот месец, извор откри за „Ју-Ес викли“ дека ова била „најстрашната бременост која Кортни некогаш ја имала“ и дека парот бил „прилично нервозен до крајот“.

„Тревис беше покрај неа и ја поддржуваше. Тие се чувствуваат многу благословено што станаа родители и се многу благодарни што Роки 13 Баркер дојде на свет“, продолжил изворот.

ФОТО | „Претеравте“: Кортни Кардашијан му го честиташе роденденот на сопругот со топлес фотографии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот