ФОТО | Откриен е првиот хибрид на куче-лисица во дивината

Првиот потврден хибрид на куче-лисица во светот е пронајден во бразилската дивина. Животното било удрено од автомобил во областа Вакарија и однесено во ветеринарна болница на лекување, но персоналот не можел да заклучи дали се работи за лисица или куче, пишува британски „Телеграф“.
Пронајдено уште во 2021 година, невообичаените физички карактеристики, вклучително и некои особини налик на куче и некои на лисица, го поттикнаа интересот на научниците од локалните универзитети кои потоа ги анализирале неговите гени.
Една неодамна објавена студија откри дека мајката на животното била лисица „пампас“, а нејзиниот татко домашно куче од непозната раса. Според експертите, тоа е првиот регистриран случај на размножување на лисица и куче.
Овој мелез има иста градба како куче со средна големина, големи, зашилени уши, долга муцка со црн нос и испакнати кафени очи со дебел црно-кафеав слој крзно, со дамки од бела и сива боја.
Младиот див канид, ги добил имињата „граксора“ и „догксим“ од негувателите и истражувачите.

Догксимата изгледа и како куче и лисица, а исто така се однесува на чуден начин слично на двете. Одбивала кучешка храна и јадела живи глодари, лаела како куче, но имала густо, темно крзно слично на лисицата, била уплашена од луѓето, но со текот на времето се навикнала на нив.
„Не е толку послушна како куче, но исто така ѝ недостига агресивност што се очекува од диви животни. Таа има срамежлива и претпазливен карактер, генерално претпочита да се држи настрана од луѓето. Со текот на времето, откако беше хоспитализирана на лекување, верувам дека почна да се чувствува побезбедно“, изјави Флавија Ферари, стручно лице кое работело со овој хибрид.
Животното било згрижено во ветеринарната болница во Рио Гранде до Сул, каде што целосно закрепнало и потоа било префрлено во згрижувачки центар во градот Санта Марија. Грижата за ова животно беше организирано од владата на регионот. Тоа за жал почина оваа година од непознати причини.
Хибриди на домашни кучиња и други диви видови биле видени и порано, вклучувајќи којоти, волци и динго.