ФОТО | Огњен Амиџиќ ги покажа лузните на очите во емисија: Водителот отишол „под нож“
Српскиот водител Огњен Амиџиќ (49) ги изненади гледачите со својот целосно нов изглед.
Препорачано
Огњен во својата емисија „Амиџи шоу“ изгледал забележително поинаку, а вниманието го привлече поради лузните на очните капаци, поради кои многумина се запрашаа дали се подложил на естетска операција.

Иако не потврди за што точно се работи, се чини дека водителот сакал да го освежи својот изглед.

Резултатите од промената се очигледни, а публиката синоќа можеше да ги види од прва рака при неговото гостување во „Амиџи шоу“.

Инаку, Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ неодамна добија син, кој го нарекоа Перун.
Мина Наумовиќ на својот инстаграм-профил често објавува фотографии и видеа од приватниот живот, а минатиот месец сосема опуштено се фотографираше додека готви ручек.
Наумовиќ позирала во широка маица покрај шпоретот, носејќи маска за подочници, а во описот напишала:
– Само гламурозно во петок!
ФОТО | „Коса како за во прво одделение“: Огњен Амиџиќ ја објави првата фотографија од синот Перун
„Посреќни сме од кога било“: Огњен Амиџиќ потврди дека чека бебе со новата девојка


