ФОТО: Одбележана 23 годишнината од првата жртва во воениот конфликт во 2001 година

Фото: Одбор на бранители

Денеска во тетовско Теарце беше одбележана 23-годишнината од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски, кој беше убиен при напад со ракетен фрлач врз полициската станица.

Фото: Одбор на бранители
Фото: Одбор на бранители

Овој настан во 2001 година се смета за почеток на вооружениот конфликт во Македонија. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а полесни повреди добија неговите колеги Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

Денешното одбележување го организираше Одборот на бранители. Претседателот на Одборот Марин Најдов заедно со делегација и помошникот на командир на полициско одделение Теарце Славчо Божиновски положија букет свежо цвеќе

Настанот се одбележа пред објектот во кој во 2001 година беше сместена Полициската станица Теарце, која беше нападната од терористичка група.

Објектот е пропаднат, нема никакво спомен-обележје, освен плочата-потсетник за загинатиот полицаец Момир, која само на денот на одбележувањето се поставува пред вратата на објектот.

Фото: Одбор на бранители
Фото: Одбор на бранители

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот