ФОТО | ОБСЕ го „забави“ Скопје: Полни паркинзи, празни улици, затворени дуќани, градот не вирее без административците

Празни булевари во Скопје за време на ОБСЦЕ самитот / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Дел од дуќанџиите во трговските центри воопшто не беа отворени, за да не прават непотребни трошоци за минимален трошок. Од друга страна слободен термин немаше во фризерските и козметичките салони, стоматолошките ординации, а големи редици се забележани пред пунктот за сликање за пасош и лична карта

Скопјани во средата ги „разбуди“ тишина. По улиците речиси и да немаше сообраќај, а паркинзите останаа полни. Ретките и полупразни автобуси јуреа без проблем по булеварите, собирајќи по некој патник, а некои од нив дури и не застануваа попат бидејќи немаше никој што е невообичаено за работен ден. Администрацијата доби слободен ден, а дома останаа и учениците и студентите.

Дел од дуќанџиите во трговските центри воопшто не беа отворени, за да не прават непотребни трошоци за минимален трошок. Од друга страна слободен термин немаше во фризерските и козметичките салони, стоматолошките ординации, а големи редици се забележани пред пунктот за сликање за пасош и лична карта. Дел од таксистите велат дека денес било милина да се вози низ градот, иако некои сообраќајници беза затворени. Но се пожаилја дека немаат работа, оти нема луѓе.

Празни булевари во Скопје за време на ОБСЦЕ самитот / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

-Вообичаено не излегувам прва смена да возам. Просто е неподносливо наутро да се вози низ градот кога е работен ден. Но нема муштерии, а некои делови од градот се затвореји – ни рече еден таксисист.

И на зелените пазари немаше луѓе. Ретките пазарџии цупкаа на студот и се пожалија дека ќе си одат порано, оти нема кој да им дојде на пауза или после работа.

Празни пазари/ Фото: Соња Кириџиевска

-Сега се гледа кој ја прави гужвата низ градот. Во средата кога ги пуштија од работа, службениците си изнапазарија, а денес се појавија само пензионерите кои живеат во околината – велат тезгаџиите.

Празни улици/ Фото: Соња Кириџиевска

Министерскиот состанок на ОБСЕ го поремети редот во градот, но им даде дополнителен ден и пол на адиминистративците и учениците. В петок се се враќа по старо, иако некои граѓани си земаа ден од одморот и добија уште еден продолжен викенд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот