ФОТО: Новороденче пронајдено во одвод во Индија

Индија жена и бебе
Жена држи бебе во Индија/ Фото ЕPA-EFE/JAGADEESH NV

Петдневно девојче, кое било спасено од одвод каде било оставено да умре во индискиот град Мумбај, се опоравува во локалната болница.

Лекарите од болницата Раџавади за Би-Би-Си изјавиле дека бебето е „добро“ и дека нејзиното здравје се следи.

Полицијата соопшти дека жителите го пронашле бебето откако група мачки се собрале на местото покрај патот и почнале да прават врева.

Надлежните истражуваат како бебето завршило во одводот.

Полицијата не шпекулира за можните мотиви, но за слични напуштања во минатото се обвинува фактот дека во Индија се претпочитаат синови. Жените често се социјално дискриминирани, а девојчињата се гледаат како финансиски товар, особено во сиромашните заедници.

Соодносот на половите во земјава е еден од најлошите во светот. Иако повеќето несакани женски фетуси се абортираат во илегални клиники, случаите на убивање или напуштање девојчиња по раѓањето исто така не се невообичаени.

Во последниот инцидент, бебето беше спасено во неделата, на 14 ноември, од полициски тим предводен од жени од предградието Мумбај.

Кога пристигнала полицијата, го нашла бебето како лежи во одвод. Тие рекоа дека бебето – облечено во тенка кошула и натопено во канализација – липало во неволја. Двајца полицајци потоа ја извлекле, ја завиткале во крпа и ја однеле во болница.

„Кога го извлековме бебето, беше ладно, рацете и беа сини. Побаравме малку топла вода и крпа за да го исчистиме бебето“ изјави полицаецот Шитал Сонаване за индискиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот