Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ ѝ приреди незаборавно изненадување на Јелена за нејзиниот 40-ти роденден

Сопругата на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, Јелена, вчера го прослави 40-тиот роденден.

Новак се потрудил да ѝ приреди незаборавно роденденско изненадување.

Додека стоеле ноќе прегрнати на плажа, Јелена и Новак гледале кон небото каде што се случувала вистинска магија – со помош на дронови била испишана посебна порака наменета само за неа.

„Среќен роденден. Ти благодарам што си наш дом. Тара. Стефан. Вашата мајка“, со емотикино си срце било испишано на небото.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Ви благодарам на сите што дојдовте – блескало на небото, а овој магичен момент ги разнежил и воодушевил сите присутни на плажата кои во тој момент го гледаа спектаклот.

Јелена и Новак Ѓоковиќ се запознале во 2005 година преку заеднички пријатели, а Ноле сè уште не бил глобално популарен.

Новак имал само 17 години и големи соништа, а спортувала и Јелена, која е 11 месеци постара од него. Новак безброј пати истакнал дека Јелена е негова сродна душа, а дека нивната љубов е вистинска, му докажал фактот што се запознале додека тој сè уште не бил популарен.

„Јелена беше искрена од првиот момент и му благодарам на Бог што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запознала на 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Она што најмногу го сакам кај неа е искреноста, тоа нè прави среќни“, изјавил своевремено Новак.

Новак и Јелена се венчаа на Свети Стефан на 10 јули 2014 година. Во бракот добија две деца – синот Стефан и ќерката Тара.

 

Ѓоковиќ по пласманот во финалето на АО: Се надевам ми остана енергија за мечот со Алкараз

Ѓоковиќ по пласманот во финалето на АО: Се надевам ми остана енергија за мечот со Алкараз

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот