ФОТО| Никол Шерзингер одлучи да ja продаде луксузната вила за 8 милиони долари: Нејзиниот дом ќе ве остави без здив!

Фото: Инстаграм

Никол Шерзингер одлучи да се исели од луксузната вила, која ја купи пред четири и пол години за 3,75 милиони долари.

Со оглед на тоа што вложила многу, сега продава повеќекатна модерна куќа на стрмната падина на високиот гребен во Лос Анџелес за 8 милиони долари.

Profimedia
Profimedia

Постојат неколку спални соби на пониско ниво, од кои едната е претворена во теретана, а sидовите на прозорците овозможуваат релаксирачки поглед кон градот.

Втората соба, во која можат да спијат најмалку четири лица, содржи два дупли кревети, додека главната спална соба зазема супериорна позиција на ниво на пентaхаус.

Линеарно огниште го загрева просторот на спалната соба, додека пространата дневна соба се отвора на приватна тераса со модерен базен во центарот.

Модерната бања исто така се отвора на друга тераса, а специјално дизајнираниот вграден плакар е доволно голем и изгледа како да сте во бутик.

Имотот сам по себе наликува на куќа од бајка, имајќи го предвид видикот, а бил направен и посебен проект за уредување на секој кат.

Profimedia
Profimedia

Трикатната вила се состои од четири спални соби и четири бањи, а се простира на нешто повеќе од 4600 квадратни метри.

Секој кат се граничи со стаклени sидови, од каде има неверојатен поглед кон центарот на градот, кој достигнува сè до Тихиот океан.

Profimedia
Profimedia

Отворениот простор за живеење на главното ниво се состои од елегантна кујна, пространа трпезарија поставена со прозорци од подот до таванот што се отвораат на голема тераса.

Profimedia
Profimedia

Тука е и удобната дневна соба со две софи поставени една спроти друга, веднаш до елегантен камин од бел мермер. Од дополнителните содржини, има и домашно кино со кадифени кревети и специјално дизајнирани седишта за гледање филмови на големото платно. Мини – дневната соба се отвора на чардак со бар, каде што има мал базен, додека покрај него има лулашка што гледа на градот и нуди волшебен поглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот