ФОТО | Неверојатна приказна: Жена го спасила проголтаниот сопруг од вилиците на крокодил, претепувајќи го ѕверот

Фото: Принтскрин/Тик ток

Ентони Жубер (37) ловел риба со својот 12-годишен син на брана во Јужна Африка кога неговата трска се закачила за дрво во водата, при што уловената риба останала заробена половина на површината, половина под водата.

Неговиот син влегол во плитката вода за да ја ослободи, но Ентони му рекол да остане на брегот, додека тој самиот влегол во реката неколку моменти подоцна, мислејќи на безбедноста на својот син, пишува „Дејли мејл“.

– Крокодилот што ме зграпчи сигурно лежеше во заседа, бидејќи наеднаш скокна од водата, ме „улови“ во неговите вилици и ме собори во водата. Го прилагоди стисокот и ја држеше мојата нога во устата, веднаш под мојата половина кога почна да се фрла лево-десно, со неверојатна сила – раскажал несреќниот маж.

Во своето ужасно сеќавање на неверојатното искуство, Ентони открил дека не може да си ги види нозете бидејќи забите на рептилот останале зариени во неговото месо.

– Не можев да си ги видам нозете и само можев да ги видам неговите заби и оние зли очи кои ме гледаа додека полека се повлекуваше кон подлабоката вода. Полека ме давеше сè подлабоко. За среќа, се сетив на еден трик за преживување, дека ако некогаш се соочиш лице в лице со крокодил, дека неговите очи се неговата слаба точка – затоа му ги зарив палците во двете очи, кога во водата влета мојот шеф Јохан, кој ме зграпчи за каишот од панталоните – рекол храбриот маж.

Шокантно, храбриот татко рекол дека не чувствувал болка додека ѕверот се обидувал да го проголта.

– Претпоставувам дека тоа  беше адреналинот. Го удирав и се обидував да му ги извадам очите, но колку повеќе се борев и се мачев – толку повеќе ме тресеше од една на друга страна. Искрено, мислев дека ќе ми ги откине нозете. Кога ќе ги погледнете раните, неверојатно е што не ја изгубив едната или двете нозе. Никогаш нема да ги заборавам неговите заби и тоа како ме гледаше во текот на целата борба – додал Жубер.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

На крајот, неговата сопруга Анализ му притрчала напомош со трупец и почнала сама да се бори со крокодилот.

– Мојата сопруга Анализ ненадејно се појави во водата, по што почна џиновскиот крокодил со трупецот да го удира по главата. И по пет-шест големи удари, на крокодилот му се отворија вилиците и ме исплука – рекол тој.

Работодавецот на Ентони, Јохан ван дер Колф (36) и Анализ (33), ја фатиле тешко повредената жртва за рацете и го одвлекле неговото тело натопено со крв долж брегот далеку од опасноста.

Сопругата на Јохан, Бјанка (39), земала крпи, завои и антисептик од куќата на фармата што ја изнајмиле за викенд-пикник и риболов и им пружила прва помош.

– Мислев дека ми дојде моментот и знам овде во Африка дека ако крокодил така те зграпчи, невозможно е да избегаш – тоа едноставно е нечуено. Чекав да ме удави, но и покрај големината на овој ѕвер, Јохан и Анализ втрчаа во браната и ја презедоа и ме спасија да не ме изеде. Секој пат кога ќе ги затворам очите или ќе се обидам да заспијам, го гледам крокодилот – сè уште е со мене. Да го имате половина од вашето тело во жив ѕвер со неговите вилици околу вашата половина и да ве вовлекува подлабоко –  продолжил Ентони.

Ентони истакнал дека му било драго што тој поминал низ овој терор, а не неговиот син, и покрај тоа што неговите ќерки Лиза (10) и Ешли (6) биле сведоци на овој брутален напад.

Неговата сопруга објаснила дека не ни размислувала што прави, само знаела дека мора да го спаси сопругот.

– Само размислував да му го спасам животот и не знам како успеав да го направам тоа. Бев во тежок шок. Половина од мојот сопруг беше во огромниот крокодил. Го грабнав тој трупец и се втурнав во водата и само почнав да го удирам, сè додека не го пушти – навела неговата сопруга Анализ.

По нападот, Ентони бил пренесен во блиската болница, каде што ја добил неопходната помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот