ФОТО | „Неверојатен тим“: Џереми Ренер ги посети лекарите кои му го спасија животот
Џереми Ренер ја посети болницата каде медицинските лица му го спасија животот по катастрофалната несреќа во јануари годинава, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Актерот, кој сè уште се опоравува од сериозните повреди, сподели фотографии со персоналот во Регионалниот медицински центар Реноун во Рено, Невада.
„Морав повторно да ја посетам неверојатната група на луѓе кои ми го спасија животот“, напиша 52-годишниот Ренер покрај сликите, додавајќи срца и молитвени емотикони.

На друга фотографија актерот позира со еден од хирурзите, заедно со натписот „Благодарам“. Исто така, Ренер објави фотографија од него со бастун пред знакот на споменатиот медицински центар.

Како потсетување, Џереми Ренер беше повреден додека чистеше снег и кога една од машините за чистење снег го прегази во неговиот дом на неговиот ранч помеѓу Рино и езерото Тахо. Неговата состојба се сметаше за исклучително тешка, додека тој беше хоспитализиран неколку дена на ИЦУ.
Според „Ти-ем-зи“, плугот за снег на актерот му ја згмечил едната нога. Соседот по професија лекар веднаш се упатил на местото на настанот и се обидел на лице место да му ја згрижи раната. Потоа, актерот бил префрлен со хеликоптер во болница. Ренер потоа сподели дека при несреќата скршил повеќе од 30 коски и дека му биле направени повеќе операции.


