Јаков Јозиновиќ во спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево / Фото: Инстаграм/Јаков Јозиновиќ

ФОТО | Непосредно пред концертот во Скопје, Јаков Јозиновиќ ја посети спомен-куќата на Тоше во Крушево

Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ утре ќе настапи пред преполна сала во Скопје, откако беше објавено дека концертот во СЦ „Јане Сандански“ е целосно распродаден.

Во пресрет на својот прв настап пред македонската публика, Јозиновиќ веќе пристигна во земјава, а денеска го посети Крушево, родниот град на Тоше Проески.

Јаков Јозиновиќ во спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево / Фото: Инстаграм/Јаков Јозиновиќ

Тој објави фотографии од спомен-куќата на легендарниот пејач, кого во повеќе наврати го има наречено свој идол.

„Тоа се огромни комплименти што ми значат. Тоше е човекот од кого научив како е да се биде добар човек, покрај тоа што беше еден од моите примери да учам и за музиката“, изјави Јозиновиќ во интервју за „Слободен печат“.

Големиот интерес за концертот во Скопје доаѓа по серијата импресивни успеси што младиот пејач ги бележи на регионалната сцена. Пред само една недела, тој за рекордни 20 минути ги распродаде билетите за деветтиот концерт во Сава центар во Белград, по што најави и јубилеен десетти настап.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јаков Јозиновиќ: Од Тоше Проески научив како да бидам добар човек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот