ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јаков Јозиновиќ: Од Тоше Проески научив како да бидам добар човек
Моментално најпопуларната музичка ѕвезда на Балканот, Јаков Јозиновиќ, кој ги полни салите додека да трепнете, доаѓа во Скопје! По повод големиот концерт закажан за 9 април во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на турнејата „Ја за чуда летим“, Јаков се сретна со македонските новинари.
Препорачано
Можете ли да замислите дека неговиот мегахит „Ја волим“, песна што деновиве се слуша насекаде околу нас и одѕвонува во речиси сечија глава е направена за неколку минути?!
„Се сеќавам, тој ден ми се јави Лаура, мојот придружен вокал или како што јас ја нарекувам – сценска сестра. Ми рече дека има песна за мене. Отидов кај неа и верувајте ми, за половина час ние ја спакувавме песната, спонтано и лесно, како што мислам дека и публиката ја прифати ‘Ја волим’“, вели Јозиновиќ.
Во интервју за „Слободен печат“ отркрива дел од својата приватност. Тој има една сестра, Марија, никој во неговата фамилија не се занимава со музика, но ја сакаат уметноста. семејството му е голема поддршка за монталната слава што ја доживува.
Јозиновиќ го сака спортот.
„Покрај музиката, многу сакам тенис, тренирав, сега ми е во пауза, но по турнејата повторно се враќам на теренот“, вели тој.

Вели дека нема домашен миленик, но со задоволство би чувал куче или маче ако има повеќе слободно време.
„Периодов навистина немам слободно време, но така и треба да биде, ова е време кога ѝ се посветувам комплетно на мојата публика“, рече Јозиновиќ.
Во врска со тоа што многумина го споредуваат со енергијата на Тоше Проески, тој вели дека тоа го прави среќен.
„Тоа се огромни комплименти што ми значат. Тоше е човекот од кого научив како е да се биде добар човек, покрај тоа што беше еден од моите примери да учам и за музиката“, вели нашиот соговорник.
Дознајте повеќе за него од интервјуто објавено на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.


