ФОТО | Нејмар доби второ дете со Бруна Бјанкарди, која ја изневерил речиси 100 пати
Фудбалерот Нејмар го доби своето второ дете со моделот Брунa Бјанкарди.
Препорачано
Двојката на социјалните мрежи го потврди раѓањето на нивната ќерка Мел, која се роди на почетокот на јули.
„Нашата Мел е тука за да ни ги направи животите уште поцелосни и послатки. Нека те благослови Бог и нека те заштити од сето зло. Едвај чекаме да го започнеме ова ново поглавје со тебе. Те сакаме“, рекоа тие.
View this post on Instagram
На крајот на 2023 година, Бруна ја потврди веста за нивниот раскин.
„Ова е приватна работа, но бидејќи често сум поврзана со вести, обвинувања и исмејувања, би сакала да ве известам дека не сум во врска. Ние сме родители на Мави и тоа е причината за нашата врска“, изјави таа тогаш.
Покрај децата со Бруна, фудбалерот има и син, Дави Лука, кого го доби кога имаше 19 години со неговата тогашна девојка Каролина Дантас.
По аферата што ја имаше со бразилската манекенка и инфлуенсерка Аманда Кимерли додека сè уште беше во врска со Бруна, тој ја доби ќерката Хелена кон крајот на јули минатата година.
ФОТО | Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди објавија дека го чекаат своето прво дете
ВИДЕО | „Дознав што се случи…“: Нејмар повторно ја изневерил бремената девојка


