ФОТО | Не би го препознале: Мет Лебланк првпат виден во јавноста по смртта на Метју Пери

Фото: Profimedia

Американскиот актер Мет Лебланк (56) за првпат е виден во јавноста по смртта на неговиот колега од популарната серија „Пријатели“ („Friends“), Метју Пери.

Имено, актерот бил на вечера со пријателите во Малибу.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Во периодот од 1994 до 2004 година, Лебланк и Пери ги играа улогите на Џои Трибијани и Чендлер Бинг, кои беа најдобри пријатели и цимери во култниот ситком.

Лебланк беше првиот од славната шесторка, кој јавно проговори за смртта за неговиот драг колега.

„Метју. Со тешко срце се збогувам. Искрено, моментите што ги поминавме заедно ми се едни од најомилените моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја делам сцената со тебе и да те наречам пријател. Секогаш ќе имам насмевка на моето лице кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Брат, рашири ги крилјата и летај – конечно си слободен. Те сакам многу. И претпоставувам дека ќе ги задржиш оние 20 долари што ми ги должиш“, напиша тој тогаш.

Фото: Michael Ferguson/PHOTOlink.net / imago stock&people / Profimedia

Како потсетување, Метју Пери почина на 28 октомври, на 55-годишна возраст.

Тој беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес, а неговата смрт ги шокираше членовите на неговото семејство, пријателите и бројните обожаватели ширум светот.

Зошто „пријателите“ го напуштија погребот на Метју Пери? Не присуствувале на приватната церемонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот