ФОТО | НБА ѕвездата Џа Морант ја завршува кариерата на само 23 години?!

Контроверзниот кошаркар Џа Морант повторно е во центарот на вниманието и повторно, за жал, поради работи кои не се поврзани со настапите на паркетот.
Џа Морант е кошаркар со голем потенцијал и му се предвидува голема НБА кариера, меѓутоа досега самиот си прави проблеми со своето однесување. Во овој момент тој е суспендиран од страна на неговиот клуб, Мемфис поради недолично однесување и појавување со пиштол во јавноста.
Сега 23-годишниот кошаркар ја збуни јавноста со објавите на неговиот Инстаграм профил. Имено, тој објави неколку фотографии од најблиските и НБА микрофонот со порака „збогум“. Сепак, набрзо веројатно сфаќајќи дека испраќа пострашна порака ги избриша сите освен онаа со микрофонот од најсилната кошаркарска лига.
Ja Morant posted a series of IG stories saying ‘love ya’ to his mom, dad and daughter.
And then a final story saying ‘bye’ with a photo of a NBA On TNT microphone 👀 pic.twitter.com/qsXwE8tx02
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) May 24, 2023
Засега не е јасно дали навистина најавува крај на кариерата или па станува збор за нешто друго. Морант зад себе и покрај сите проблеми одигра сезона во која имаше 26.1 поени и 8.1 асистенции по натпревар.
ВИДЕО | Скандал: НБА ѕвездата Џа Морант во ноќен клуб се појави со пиштол