ФОТО | Наум Петрески ќе стане дедо: Анастасија е прекрасна трудница

Фото: Фејсбук, Анастасија Петреска/Владимир Поповски

Пејачката Анастасија Петреска и нејзиниот сопруг Владимир Поповски, пејачот на музичката група Биоритам, наскоро ќе станат родители по вторпат. Оваа убава вест ја сподели самата пејачка која објави фотографија од трудничкиот стомак на социјалната мрежа Инстаграм.

Како потсетување, Анастасија и Владимир стапија во брак во 2019 година и веќе се родители на тригодишната Андреа.

Исто така, како што е познато во јавноста, Анастасија е најстарата ќерка на пејачот Наум Петрески, кој веруваме дека е горд дедо и дека со нетрпение го очекува најновиот член во семејството.

Фото: Инстаграм, Анастасија Петреска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот