ФОТО | Науката одлучи: Ова е најубавиот маж на светот!

Реге Жан Пејџ, Крис Хемсворт и Мајкл Б. Џордан / Фото: EPA

Ѕвездата на „Bridgerton“ Реге Жан Пејџ е прогласен за најубав маж на светот, според древните научни истражувања. Утврдено е дека 34-годишниот актер со 93,65 отсто се совпаѓа со грчкиот сооднос за убавина Фи (Phi), со кој се мери физичкото совршенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Regé-Jean Page (@regejean)


Крис Хемсворт од серијата „Men In Black“ го зазеде второто место со 93,53 отсто совпаѓање, трет е Мајкл Б. Џордан од филмот „Black Panther“ со 93,46 отсто, а пејачот Хари Стајлс е четврти со 92,30 отсто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)


Листата ја состави британскиот естетски хирург д-р Џулијан Де Силва кој за истражувањето ја користел најновата техника на компјутерско мапирање.

„Овие целосно нови техники за компјутерско мапирање ни овозможуваат да решиме некои од најголемите мистерии за тоа што го прави човекот физички убав, а технологијата е корисна и при планирањето на операциите на пациентите“, изјавил д-р Де Силва за „Дејли мејл“.


Реге Жан Пејџ победи со 93,65 отсто бидејќи имал највисока оценка за растојание помеѓу очите, а и положбата на неговите очи му донела висока оценка.

„Тој има класично убаво лице и прекрасни кафеави очи. Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа висока оценка, а единствената пониска оценка што ја доби беше ширината и должината на носот“, откри д-р Де Силва.

На листата на најубави мажи се наоѓаат и Роберт Патисон, Крис Еванс, Џорџ Клуни, Двејн Џонсон, Хенри Гулдинг… Погледнете ја цела листа на објавата: 

 

Што е Фи, грчкиот златен сооднос на убавината?

Златниот сооднос се заснова на математичка равенка смислена од Грците во обид да се измери убавината, но всушност може да се примени на се. Тој тврди дека колку се поблиски пропорциите на лицето или телото до 1.618 (Phi),  тие стануваат поубави.

Оваа постапка за мерење на убавината потекнува од европската ренесанса. Уметниците и архитектите користеле равенка позната како златен сооднос за да ги создадат своите ремек-дела. Соодносот може да се примени на што било, а го користел Леонардо Да Винчи во познатото дело Витрувијанскиот човек.

Витрувијанскиот човек на Леонардо Да Винчи Фото: Wikipedia

Оттогаш, научниците адаптираа математичка формула за да откријат што ја прави личноста убава. Се мерат должината и ширината на лицето на една личност, а претпоставката е дека, колку се поблиски пропорциите на лицето или телото до бројот 1.618 (Фи), толку е поубава личноста. Потоа се мери должината од линијата на косата на челото до местото помеѓу очите, како и од местото помеѓу очите и долниот дел на носот и од дното на носот до дното на брадата.

Личноста се смета за убава ако бројките се еднакви. Потоа се посветува внимание на симетријата и пропорциите на лицето. За некој да се смета за убав според златниот сооднос, должината на увото мора да биде еднаква на должината на носот, а ширината на окото мора да биде еднаква на растојанието помеѓу очите.

Разбивање на кодот на најпознатиот цртеж на Леонардо да Винчи

Бела Хадид е најубавата жена на светот и тврди дека не била „под нож“: Старите фотографии кажуваат друго (ФОТО)

Бела Хадид е најубавата жена на светот и тврди дека не била „под нож“: Старите фотографии кажуваат друго (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот