ФОТО | „Наскоро пристигнува“: Виктор Апостоловски ќе стане татко, со симпатична фотосесија ја откри среќната вест
Пејачот Виктор Апостоловски и неговата избраничка Милена Доневска пред повеќе од две години се заколнаа на вечна љубов. Венчавката беше во родната Битола на Виктор, а младоженецот со црвен олдтајмер и букет црвени рози отиде по невестата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сега, парот има уште една причина да се радува и да слави. Виктор откри дека тој и неговата сопруга наскоро ќе станат родители – тие го очекуваат своето прво дете.
На фотографиите од симпатичната фотосесија може да видиме дека Милена е веќе во поодмината бременост и ѝ се гледа нејзиниот труднички стомак. Таа блеска во бременоста, а идниот татко не ги трга рацете од својата сакана.
„Наскоро пристигнува“, напиша Виктор покрај фотографиите.
View this post on Instagram
Да посетиме, Виктор на пошироката јавност ѝ стана познат по учеството во талент-шоуто „Македонски идол“ во 2011 година, каде што заврши во топ 4 и беше еден од фаворитите на публиката. Денес, Виктор е изграден музичар, кој во последните 10 години издал над 50 песни, два албуми на македонски јазик и еден албум со колеги од САД.


