ФОТО | Наоми Кемпбел направи спектакл во Кан: Манекенката ги импресионираше сите пред својот 55-ти роденден
Наоми Кемпбел се појави синоќа на премиерата на филмот „Фуори“ на 78-от Кански филмски фестивал и импресионираше со својата креација и новата фризура, што ја направи да изгледа уште поубава. Посзнатата манекенка блесна на црвениот тепих во Кан, еден ден пред нејзиниот 55-ти роденден кој ќе го прослави утре на 22 мај.
Препорачано

Кемпбел за минатогодишниот Кански филмски фестивал избра облека од модната марка Шанел, заедно со стилистката Ло Роша, а сега се адаптираше на новите правила кои забранија голотија, како и гломазни фустани.
Таа носеше фустан од Долче и Габана, со барокен топ, прекрасни златни детали и здолниште од тул.

Убавата облека за секунда беше засенета од нејзината нова фризура, која совршено ѝ стои, а која ја изненади јавноста.
Наоми направи совршена трансформација и на тој начин „надомести“ за своето отсуство од овогодишната Мет Гала во Њујорк, по две децении последователни настапи на овој настан: Причината за таа одлука беше конфликтот со Ана Винтур.



