ФОТО | Највлијателните политички карикатури кои ја променија историјата

Карикатури, Фото: Викимедија, Инстаграм-принтскрин

На денешен ден се прославуваат карикатуристите – уметници кои со бои и мастило војуваат против структурите на моќ и општоприфатените „авторитети“. Карикатурата, иако често врамена како несериозен медиум, ја има моќта да инспирира, трансформира и секако да забавува. Политичката карикатура разоткрива, пресоздава и најважно, претставува дестилиран и лесно достапен заклучок на тековните настани.

Ова е нашата селекција на највлијателните политички карикатури во историјата

„The Plumb-Pudding in Danger“ на Џејмс Гиреј

Фото: Викимедија

Со статусот на најдобрата политичка карикатура, „The Plumb-pudding in Danger“(Пудингот од сливи во опасност) на Џејмс Гиреј е типична сатира од грегоријанската ера. Нацртана во 1805 година, карикатурата ги прикажува францускиот император Наполеон Бонапарта и британскиот премиер Вилијам Пит како лакомо сечат пудинг од слива во облик на светот како метафора за битката на лидерите за геополитичка моќ.

„Anti-German Cartoons“ на Луис Раемаекерс

Фото: Викимедија

Антигерманските цртежи на холанѓанецот Луис Ремакерс – веројатно највлијателниот карикатурист од ерата на Првата светска војна, имале такво влијание што германската влада се обидела да ја натера Холандија да го даде уметникот на суд за „загрозување на холандската неутралност“. Меѓу неговите контроверзни карикатури е и „За твое здравје, цивилизацијо“! – критика на модерното војување во кое Смртта му наздравува на човештвото со пехар полн крв.

„At Last a Perfect Soldier“ на Роберт Манор

Фото: Викимедија

Објавена во радикалното, левичарско списание „The Masses“ во 1916 година, „Конечно совршен војник“ на Роберт Манор покажува воодушевен воен лекар кој претседава со голем, безглав регрут, идеален борец поради неговите мускули и недостаток на глава. Карикатурата, меѓу други контроверзни цртежи (Арт Јанг и Х.Џ. Глинтенкамп), ја поттикнала американската пошта да престане да го доставува списанието, наведувајќи ја причината како прекршување на Законот за шпионажа, што резултирало со правна битка и конечно затворање на публикацијата.

„Rendezvous“ на Дејвид Лоу

Фото: Викимедија

Во „Рандеву“ на карикатуристот Дејвид Лоу, Хитлер и Сталин се поздравуваат по нивната заедничка инвазија на Полска со зборовите „Најголемите ѓубрињата на земјата?“ и „Крвавите атентати на работниците, претпоставувам?“. Циничната критика на нацистичко-советскиот пакт од 1939 година, го налутила Хитлер на што Лоу одговорил: „Ниту еден диктатор не е вознемирен, па дури и незадоволен од карикатурите на кои се прикажува неговата страшна личност како демне низ крв и кал…Она што тој не сака да го заобиколи е идејата дека тој е шупак, што е навистина штетно“.

„The Politics of Fear“ на Бери Блит

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mass Magazine Man (@massmagazineman)

Насловната страница на карикатуристот Бери Блит од 2008 година за „The New Yorker“ со наслов „Политиката на стравот“ која го прикажува тогашниот претседателски кандидат Барак Обама во целосна муслиманска облека придружуван од сопругата Мишел облечена во воена опрема предизвикала таков бес што илјадници читатели се пожалиле, додека портпаролот на Обама, Бил Бартон ја осудил како „невкусна и навредлива“. Дејвид Ремник, уредник на весникот, го бранел Блит велејќи: „Факт е дека тоа не е сатира за Обама – тоа е сатира за искривувањата, заблудите и предрасудите за Обама“.

„Don’t Lose It Again“ на Филип Зек

Објавена на Денот на победата во британскиот весник „Daily Mirror“, карикатурата „Не ја губи повторно“ на Филип Зек од 1945 година е визуелен повик за мир, прикажувајќи исцрпен, повреден војник како нуди ловорика со натпис што ја претставува победата: „Еве – не ја губи повторно!” И покрај тоа што три години претходно го налутил политичарот Херберт Морисон со претходна карикатура, креативноста го поттикнала политичарот да му се извини на Зек и да побара дозвола за повторно објавување на карикатурата како дел од кампањата за општите избори на Лабуристичката партија во 1945 година.

„Boss Tweed and the Tammany Ring“ на Томас Наст

Фото: Викимедија

Често пофален како „таткото на американската карикатура“, Томас Наст е најпознат по неговите дела во кои се сатиризира политичарот Вилијам Мегиар „Бос“ Твид и Тамани Хол, демократската политичка машина често обвинета за непотизам што ја водел Твид. Со истакнување на таканаречената корупција и кронизам на Тамани Ринг, Наст е заслужен за влијанието на негативната јавна перцепција на организацијата, со значителна поддршка изгубена на изборите во САД во 1872 година.

„Gin Lane“ на Вилијам Хогарт

Фото: Викимедија

„Улица на џинот“ на уметникот Вилијам Хогарт од 18-ти век прикажува кошмарна сцена на лондончани полудени од злобниот џин. Во преден план, пијана мајка дозволува своето дете да ѝпадне од рацете, додека опиен продавач на балади иронично продава флаери со наслов „Падот на г-ѓа Џин“. Објавен во прилог на британскиот Закон за џин од 1751 година – кој се обидувал да ја ограничи потрошувачката на алкохолни пијалоци – „Улицата на џинот“ била придружена со втора илустрација, „Улицата на пивото“, која за разлика од неа прикажува среќни, здрави луѓе кои одговорно уживаат во помалку опојниот пијалок.

„Gargantua“ на Оноре Домие

Фото: Викимедија

„Гаргантуа“- создадена од францускиот карикатурист Оноре Домие, жесток противник на кралот Луј Филип во 1831 година го прикажува кралот како инкарнација на џинот од романот од 16-тиот век на Франсоа Рабле. Осудени за „предизвикување омраза и презир кон владата на кралот и за навреда на личноста на кралот“, издавачите на „La Caricature“ – сатиричната публикација за која била наменета сликата биле кривично гонети неколку пати, додека Домие бил затворен на шест месеци во Париз.

„Join or Die“ на Бенџамин Френклин

Фото: Викимедија

Карикатурата на Бенџамин Френклин, „Придружи се или умри“, првпат објавена во „The Pennsylvania Gazette“ во 1754 година, ја нагласува важноста на здружувањето на тогаш разделените колонии во земјата против заканата од француската експанзија и Индијанците. Често цитирана како прва политичка карикатура во САД, сликата била многу популарна, станувајќи симбол на колонијалното единство и слобода.

„The Political House That Jack Built“ на Вилијам Хоун и Џорџ Крукшанк

Фото: Instagram – принтскрин

Карикатурата била објавена по масакрот во Петерло во 1819 година на кој стотици демонстранти кои се собрале да бараат ппарламентарната реформа биле повредени и уште 15 убиени кога коњаниците ја нападнале толпата. „Политичката куќа што ја изгради Џек“, објавена од сатиричарот Вилијам Хон и илустрирана од Џорџ Круикшанк, била радикален трактат што го осудува авторитаризмот на британската влада.

„Here He Comes Now“ на Херблок

Роден во 1909 година, Херберт Лоренс Блок – Херблок бил познат по неговите остри илустрации кои ја критикуваат американската политика. Меѓу неговите најпознати карикатури се оние што го сатиризираат Ричард Никсон, од кои една „Еве го доаѓа сега“ објавена во „Washington Post“ во 1954 година го прикажува Никсон, тогаш на почетокот на неговата политичка кариера, како ползи од канализацијата. Наводно, тогашниот иден претседател да ја откажал претплатата на весникот.

ФОТО | Хуан Миро или доживотен флерт со субјективност: Сакам да го убијам сликарството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот