ФОТО | „Моето малечко девојче“: Адам Лабунски направи семејна фотосесија со саканата и ќерката Хана
Македонскиот пејач Адам Лабунски, кој стекна голема популарност преку регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, ја разнежни јавноста со семејна фотосесија, на која позира со свршеницата Јелена и малечката ќерка Хана.
Препорачано
„Моето мало девојче“, напиша гордиот татко под фотографиите, изразувајќи ја бескрајната љубов и благодарност за новиот живот, кој донесе радост во неговото семејство. На потсетиме, Хана се роди на 19 ноември годинава и е првото дете на пејачот и неговата избраничка.

Фотографиите веднаш привлечоа внимание и предизвикаа лавина од позитивни коментари и честитки од неговите фанови, пријатели и колеги. Многумина ја пофалија убавината на семејните моменти што пејачот ги сподели со јавноста.

Познат како харизматична и енергична личност на сцената, Лабунски сега ја покажа и својата помека страна како татко.
Да потсетиме, Лабунски ја официјализираше врската со Јелена на почетокот на годинава, со објава на неговиот инстаграм-профил. Во јули објавија дека очекуваат девојче, а во септември Лабунски ја запроси својата сакана на роматична вечера.






