ФОТО | Милијардерката Џоселин Вилденштајн јавно се бакнува со 27 години помладиот партнер

Фото: VEGAN / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Милијардерката Џоселин Вилденштајн (84) е фотографирана на состанок со нејзиниот вереник, модниот дизајнер Лојд Клајн (57). Фотографите ги уловиле во Париз додека оделе на вечера.

За излегувањето Џоселин облекла црни кожени панталони, црна јакна и проѕирна маичка. Лојд ѝ парираше и исто така излезе во црно. Фотографиите набрзо се проширија на интернет и шокираа многумина.

Фото: VEGAN / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Двојката неодамна беше на една од модните ревии во рамките на Париската модна недела. Џоселин се појави и во црно и го привлече вниманието со својот изглед.

Пред неколку години Џоселин во интервју за „Дејли Мејл“ негираше дека направила пластична операција. Тогаш Клајн рече дека Џоселин изгледала исто цело време и дека никогаш ништо не сменила на нејзиното лице. Кога директно ја прашале дали направила козметички корекции, таа одговорила дека не направила.

Фото: VEGAN / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Ајде да ги погледнеме моите стари слики. Секако дека тогаш бев поубава. Кога сме млади, има одредена свежина што ја губиме со годините, но сепак ќе ги видите истите очи, високи образи и истиот нос на тие слики “, рече таа.

Џоселин се прослави по разводот од францускиот милијардер и дилер на уметнички дела Алек Вилденштајн во 90-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот