ФОТО | Мет гала заврши, ѕвездите едвај чекаа да ги покажат голите тела

Емили Ратајковски/ Рита Ора/Кендал Џенер на Мет гала/ Фото: Профимедиа

Зад нас е уште една Мет гала, најголемиот моден настан кој во вторникот во Њујорк собра бројни холивудски ѕвезди. Како и секоја година, имаше и фантастични изданија, но и големи модни промашувања. Многу дами се одлучија за проѕирни креации и покажување повеќе кожа…

Жанел Мона

За престижниот настан во Њујорк, пејачката и актерка Жанел Моне облекла црна проѕирна „инсталација“ која, според обожавателите на социјалните мрежи, наликувала на мрежа против комарци. Под тој стајлинг се истакнувала само долната облека.

Фото: Guerin Charles/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Рита Ора

Пејачката Рита Ора на настанот пристигна во раскошен црн и проѕирен фустан, но кога им го сврте грбот на фотографите покажа и повеќе отколку што требаше.

Фото: PapCulture / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Емили Ратајковски

Манекенката и актерка Емили Ратајковски на забавата по Мет гала се појави во проѕирен фустан под кој исто како и Мона ги покажа сите свои атрибути.

Во креацијата таа неколкупати се сврте, со што нагласи дека носи црни танга гаќи. Необичната комбинација ја заокружила со бисерен накит и црни високи потпетици.

Фото: JosiahW / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Кендал Џенер

Топмоделот Кендал Џенер на самиот настан го покажа задникот, а уште повеќе на забавата на Мет гала во целосно проѕирна креација. Иако голотијата не и е непозната, а може да се пофали и со совршено тело, многумина мислат дека Кендал, сепак, претерала…

Фото: Matt Baron / Shutterstock Editorial / Profimedia
Фото: JosiahW / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Мет гала: Мачки, бисери и екстравагантни креации во чест на Карл Лагерфелд

ФOTO | Повторно уникатен: Џаред Лето како мачката Шупет на Карл Лагерфелд на Мет гала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот