ФОТО | Мет гала: Мачки, бисери и екстравагантни креации во чест на Карл Лагерфелд

Фото: Profimedia

Првиот понеделник во мај е резервиран за најелитниот моден настан на годината – Мет гала. Во понеделникот целиот моден свет се собра во Метрополитен музејот во Њујорк, каде што беа претставени најекстравагантните модни комбинации.

Годинашната тема на настанот беше „Карл Лагерфелд: линија на убавина“, во чест на покојната модна икона Карл Лагерфелд. Овој германски моден творец, уметник и фотограф соработуваше на многу проекти поврзани со уметноста и модата, најмногу како главен творец и креативен директор на модната куќа „Шанел“. Дизајнерот, кој почина во 2019 година на 85-годишна возраст, беше препознатлив по своите темни очила за сонце и белата коса врзена во реп. Исто така, тој често се појавуваше во јавноста со неговата сакана мачка – Шупет.

Карл Лагерфелд и цртеж од неговата мачка / Фото: Jens Kalaene / DPA / Profimedia

Инспирирани од неговата впечатлива појава и дизајнерска работа, стотици познати личности пристигнаа на Мет гала облечени во креации во чест на Лагерфелд, вклучувајќи ги неговите препознатливи бисери, панделки, твидови, елегантни вратоврски и блејзери.

Тениската ѕвезда Роџер Федерер, пејачката Дуа Липа, актерката Пенелопе Круз и писателката Михаела Коел беа поканети да бидат годинашните копретседавачи на настанот, заедно со главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

Фото: Angela WEISS / AFP / Profimedia

Мачката Шупет беше поканета на настанот, но не присуствуваше на годинашната Мет гала. Сепак, актерот Џаред Лето и музичката ѕвезда Доџа кет пристигнаа облечени како мачка и на тој начин ѝ оддадоа почит на саканата миленичка на Лагерфелд.

Фото: DNPhotography/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Фото: Matt Baron / Shutterstock Editorial / Profimedia

Меѓу елегантните креации се истакнаа онаа на актерката Никол Кидман, која се појави во розов фустан на „Шанел“, кој Лагерфелд ѝ го дизајнираше во 2004 година. Марго Роби, Пенелопе Круз, Џенифер Лопез и други, го изнесоа вистинскиот стил на „Шанел“.

Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia

Освен елегантните тоалети што се дел од модното творештво на Лагерфелд, некои ѕвезди додадоа нота на екстраваганција во своето изразување врзано со тематиката на Мет гала.

Меѓу нив, секако е раперот Лил Нас Икс, кој пристигна како митско суштество, облечен во бисери и обоен во сребрена боја.

Фото: Stephen Lovekin/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ким Кардашијан, која минатата година се појави во легендарниот фустан на Мерилин Монро, годинава облече трико и се „покри“ од глава до петици со бисери. Кендал Џенер, во својствен стил, го покажа задникот во црното блескаво трико.

Фото: Matt Baron / Shutterstock Editorial / Profimedia

Манекенката Карли Клос и тенисерката Серена Вилијамс ја искористија ноќта како можност да ја објават својата бременост. И двете изгледаа прекрасно во придружба на своите партнери.

Фото: Matt Baron / Shutterstock Editorial / Profimedia
Фото: Matt Baron / Shutterstock Editorial / Profimedia

Сепак, највпечатлив момент на вечерта беше пристигнувањето на Ријана и Ејсап Роки. Пејачката облече целосно бела креација на „Валентино“, а нејзиниот партнер се одлучи за црн блејзер, килт и фармерки од „Гучи“. Како што пишува „Вог“, тие се „кралската двојка на Мет гала“.

Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот