ФОТО | Меган Трејнор и Дерил Сабара му посакаа добредојде на вториот син
Пејачката Меган Трејнор и актерот Дерил Сабара му посакаа добредојде на нивното второ дете.
Препорачано
Како што објави самата поп-ѕвезда на социјалните медиуми, таа се породила на 1 јули и на свет го донела синот Бери Брус Трејнор.
Покрај среќната вест, Трејнор објави и неколку семејни фотографии со бебето.
„На 1 јули, датум кој е седумгодишнина од нашиот прв состанок, ние му посакавме добредојде на Бери Брус Трејнор во нашиот свет.
Тој беше големо момче од, речиси, четири килограми, но ние имавме неверојатен, успешен царски рез и јас, конечно, го прегрнав моето бебе. Им благодарам на сите неверојатни доктори и медицински сестри, кои многу се грижеа за нас“, напиша пејачката на Инстаграм.



Трејнор и Сабара веќе го имаат двегодишниот син Рајли, кој едвај чекал да стане постар брат. „Тој е подготвен да има постојан пријател“, изјави Сабара за „Пипл“ пред еден месец.
„Дефинитивно, тој сака да покажува кон стомакот на мајка му, постојано изговара ‘бебе’ и ѝ го бакнува стомакот. Тој е посладок отколку што можевме да претпоставиме“, изјави среќниот татко за „Пипл“.

Пред неколку месеци, и самата Трејнор изјави дека таа и нејзиниот сопруг едвај чекаат да го прошират семејството.
„Го гледам мојот сопруг и си велам: ‘Ние сме толку среќни’. Јас сум најдобрата верзија од себеси. Секое дете носи нова верзија од мене, па ми требаат најмалку четири“, изјави таа за „Пипл“ во април годинава.



