ФОТО | Македонските познати личности ги слават Бадник и Божиќ: Каде падна паричката?

Елена Ристеска /Даниел Кајмакоски /Андријана Јаневска / Фото: Принтскрин /Инстаграм

Најрадосниот христијански празник Божиќ сите го чекаат заедно со најблиските во кругот на семејството, а за Бадник подготвуваат богата посна трпеза на која централно место има бадниковото лепче во кое има паричка. На оној што ќе му се падне паричката на Бадник, се верува дека цела година ќе го следи благосостојба и бериќет.

И македонските познати личности ги слават Бадник и Божиќ и ја почитуваат празничната традиција. Некои од нив објавија фотографии и видеа на своите профили на Инстаграм за да ја доловат бадниковата атмосфера и да покажат кој бил среќлија синоќа.

Пејачката Андријана Јаневска објави дека паричката се паднала кај неа.

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Даниел Кајмакоски на својата инстаграм-приказна објави преслатко видео од неговиот новороден син Стефан и парче од бадниковото лепче со паричката.

 

Елена Ристеска објави фотографија од својата убава внука со паричето в рака на која напиша: „Паричето кај златото на тета“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот