ФОТО | Лепа Лукиќ го одржа последниот концерт: Легендата на српската народна музика се збогуваше со публиката

Фото: Инстаграм/„mts dvorana“

По шестгодишна пауза, српската пејачка Лепа Лукиќ (83) вчеравечер го одржа својот последен солистички концерт во својата децениска музичка кариера.

Кралицата на српската народна музика настапи пред својата публика во белградската концертна сала „Дом на синдикати“.

Овој концертен потфат, со наслов „Патеките на Лепа“, на познатата пејачка го поддржа оркестарот на Миша Мијатовиќ, но и гостите чии имиња беа чувани во тајност до самиот ден на концертот.

Фото: Инстаграм/„mts dvorana“

Рамо до рамо со Лукиќ пееле Зорица Брунцлик, Ана Бекута, Иван Милинковиќ, Милан Топаловиќ, Снежана Ѓуришиќ, Чакана, како и младата пејачка Милица Миловановиќ.

Тие заедно создале настан за паметење, кој публиката го поздрави со громогласен аплауз. На театарската сцена Лукиќ два и пол часа ги изведуваше своите најголеми хитови.

Публиката била воодушевена од сите изведби, а на крајот од концертот и нејзините пријатели побарале уште песни, а таа со минути ги поздравувала сите изведувачи со громогласен аплауз.

Фото: Инстаграм/„mts dvorana“

Како што пренесуваат српските медиуми, емоциите владееле за време на целиот концерт, а на крајот и самата Лукиќ заплакала, збогувајќи се со своите верни обожаватели.

Инаку, Лепа Лукиќ е родена на 16 јануари 1940 година во селото Милочај. Првиот успех го забележала во 1965 година кога ја снимила песната „Од изворот две патеки“ која ја компонирал Петар Танасиевиќ. Нејзиното пеење ја карактеризира леснотијата, непогрешната интонација и големиот број на музички ортнаменти.

Таа снимила голем број стари изворни песни и голем дел од нив станале големи хитови во Србија и поранешна Југославија. Покрај музичката кариера таа зела учество и во неколку филмски проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот