ФОТО | Легендарниот актер Чак Норис денеска полни 85 години: Сѐ уште е витален и физички активен
На денешен ден пред 85 години е роден познатиот актер и мајстор за боречки вештини Карлос Реј Норис, попознат како Чак Норис. Оваа информација можеби нема да биде толку интересна да не беше човек чија популарност не опаѓа со децении.
Препорачано
Всушност, Чак Норис е како некој урбан херој за кој кажуваат шеги, но тој секогаш има супермоќи на кои дури и Супермен би му позавидел.
„Сите знаат дека жирафите настанале затоа што Чак Норис удрил коњ во глава и дека Сонцето носи очила затоа што го чека затемнувањето на Чак“, а „Да живееше во античка Грција, Платон и Сократ ќе филозофираа за него“. Секако, „Чак Норис броел до бесконечност, двапати, а ако некој ве праша колку склекови направил Чак Норис, единствениот вистински одговор ќе биде – сите!“, се само дел од легендарните шеги кои кружат на социјалните мрежи.
Оваа хумористична листа со супермоќите на Чак е речиси бесконечна, бидејќи постојано се појавуваат нови трикови и шеги за него.
View this post on Instagram
Роден во Оклахома на 10 март 1940 година, Норис почнал да се занимава со боречки вештини на рана возраст, а од 1958 до 1969 година служел во воздухопловните сили на САД.
Подоцна, почнал да се бави со актерството, а своевремено беше еден од најпознатите и најактуелните актери во светот. Најпознат по серијата „Вокер“ и „Тексас Ренџер“, Норис постигна светска слава.
View this post on Instagram
Иако денес полни 85 години, Чак изгледа беспрекорно и витално, а за тоа говорат и неговите чести објави на социјалните мрежи.


