ФОТО | Легендарниот супермодел ја откри грозоморната „диета“ со која слабеела: Кокаин, чинија ориз и две јајца неделно

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Супермоделот Беверли Џонс, која ја слави 50-годишнината откако стана првата црномуреста манекенка што се појави на насловната страница на престижниот моден магазин „Вог“, си ја отвори душата за порталот „Пејџ сикс“ и откри дека земала „лек кој го убива апетитот“ откако инсајдери во модната индустрија ја охрабриле да изгледа „извајано до коска“ за фотографијата да изгледа одлично.

Беверли Џонсон на насловната на „Вог“ / Фото: Принтскрин /Инстаграм

Еден од најпознатите супермодели во светот Беверли Џонсон истакнува дека станала зависна од дрога во 1970-тите години откако живеела на диета што се состоела од „кокаин, чинија ориз и две јајца неделно“ во обид да ослабе.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

– Нè убедија дека кокаинот не предизвикува зависност. Не знаевме дека кокаинот предизвикува зависност. Порано сите користеа дрога, но таа конкретна дрога за манекенките се користеше затоа што не јадевме – рекла Џонсон.

– Се сеќавам дека јадев две јајца и една чинија кафеав ориз неделно. Треперев во таксито и   му велев на возачот да запре, затоа што морав да земам пакетче бонбони на М&М – додала манекенката.

„Едноставно застанував и се тресев. Не јадевме, и секогаш кога ќе дојдев на работа велеа: ‘Да! Со длето до коска, девојко. Ти честитам’. Никој навистина не ни ја кажа вистината.“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џонсон вели дека својата ситуација почнала да ја разбира дури кога нејзината загрижена мајка еден ден ја принудила да излезе од кадата и ја ставила пред огледало. Тоа било првпат кога ги видeла своите коски. Таа глетка, тврди Џонсон, била „големо будење за неа“. Џонсон не консумира дрога повеќе од 50 години.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во моментов, 71-годишната манекенка води „шоу за една жена“ наречено „Беверли Џонсон во ‘Вог’“. Во емисијата, таа зборува за својата манекенска и актерска кариера, семејството, љубовниците и растењето во Бафало, како и за оддавањето почит на легендарните жени пред и по неа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Беверли Џонсон пред неколку дена откри дека тајно се омажила за свршеникот Брајан Мејлијан во Лас Вегас.

Беверли Џонсон со сопругот / Фото: Dane Andrew / Zuma Press / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот