ФОТО | Лара и Пајак добија 120.000 денари од „Макфест“ за најслушана песна меѓу два фестивали

Лара Иванова/Христијан Настески - Пајак, Иван Јованов/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Заврши 38-то издание на фестивалот „Макфест“, на кој беа изведени 18 песни, вклучително петте кои се пласираа од првата фестивалска вечер.

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип вечерва настапија млади надежни, но и еминентни музички имиња – Владо Јаневски, Вера Љубојна, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Полина Тасева, Бојана Скендеровски, Таско, Симона Попоска, Марија Спасовска…

На годинашниот „Макфест“ имаше само една награда – најслушана песна меѓу два фестивала.

Песната „Bella“ на Лара Иванова и и Христијан Настески – Пајак е прогласена за најслушана песна меѓу две изданија на фестивалот „Макфест“. „Bella“ има импресивни 25 милиони прегледи на Јутјуб.

 


Тие ја добија и единствената парична награда на фестивалот во висина од 120.000 денари, односно околу 2.000 денари, која им беше врачена на макфестовската сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот