ФОТО Косово доби најнапредни противтенковски системи од Германија
Косово официјално доби противтенковско оружје од Германија, поточно добро познатиот систем „Панцерфауст 3“, како дел од тековната безбедносна и одбранбена соработка меѓу двете земји, објавија косовските медиуми.
Препорачано
Целта на испораката е зголемување на одбранбените капацитети на Косовските безбедносни сили (КБС) и придонес за нивна постепена модернизација и усогласување со стандардите на евроатлантските партнери.
Косовските власти нагласуваат дека опремата ќе се користи исклучиво за одбранбени цели и професионална обука.
„Панцерфауст 3“ се смета за еден од најнапредните противтенковски системи што ги користат неколку европски армии.
Договорот со Германија се смета за уште еден доказ за поддршката на Берлин за стабилноста и безбедноста во регионот, забележуваат косовските медиуми.
Извори од косовското Министерство за одбрана потврдија дека процедурите за купување се завршени и дека се очекува оружјето да биде доставено до Косовските безбедносни сили, пишува Коха.
Веста доаѓа само една недела откако беше објавено дека Косово потпишало тригодишен договор со „AM General“ за купување на модерни мобилни артилериски системи „Humvee Hawkeye од 105 мм Howitzer“.
✅ Confirmed : Kosovo has received its anti-tank weaponry from Germany, the mighty PANZERFAUST 3 🇽🇰💣🇩🇪 pic.twitter.com/vsJtgn1aTf
— Kosovo Security Force (@mightykosovo) December 20, 2025


