ФОТО | Контроверзниот милијардер ја шокираше јавноста: Ја користи крвта на синот за да се подмлади

Брајан Џонсон со синот Таџмал/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ултра богатиот технолошки претприемач Брајан Џонсон (45) неодамна ги ангажирал својот 17-годишен син Талмаџ и својот  70-годишен татко Ричард, за да му се придружат во размена на крв од три генерации, објави „Блумберг“.

Контроверзниот милијардер Брајан Џонсон се обидува на секој начин да се подмлади. Овој пат шокираше со новиот подвиг – размена на крв од три генерации. Брајан преку трансфузија примил крв од својот 17-годишен син Талмаџ, од кого за таа прилика извадиле литар крв, ја одвоиле плазмата и ја вбризгнале во кардиоваскуларниот систем на Брајан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)


Брајан верува дека младата крв може да го забави процесот на стареење во неговото тело и да ги поправи настанатите оштетувања на клетките. Истата процедура ја направил и на својот татко Ричард (70), само што Брајан во тој случај бил младиот крводарител. Размената на крв од три генерации ја направиле во болница со футуристички изглед во Арлингтон, Тексас.

Во април, триото го посетило „Resurgence Wellness“, медицински спа центар со футуристички изглед во Арлингтон. На Талмаџ Џонсон му била извадена 1 литар крв – околу една петтина од крвта во целото тело – која ја разделиле на делови пред плазмата повторно да биде внесена во неговиот татко.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)


Како што е наведено, Брајан се водел од истражувањата спроведени на глувци. Тие сугерираат дека, кога постар глодар ќе прими крв од помлад, тогаш може да дојде до т. н. обратно стареење. Сепак, не постојат докази дека такво нешто би можело да функционира кај луѓето. Напротив, може да биде опасно поради можната силна имунолошка реакција на примачот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)


Да потсетиме, овој богаташ троши околу два милиони долари годишно за да се подмлади и повторно да изгледа како 18-годишник. За да ја постигне својата цел, која вклучува да има „мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и полов орган на 18-годишник“, Џонсон вработил тим од 30 лекари и здравствени работници за да ја следат секоја негова телесна функција. Овој план бараше не само надзор на лекарите, туку и создавање на мала клиника во домот на Џонсон во Калифорнија.

ФОТО | „Трпи за убавина“: Инженер (45) троши 2 милиони долари годишно за да има тело на 18-годишник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот