ФОТО | Колку го платила? Ким Кардашијан го купи скапоцениот крст што го носеше принцезата Дијана

Американската реалити ѕвезда и старлета Ким Кардашијан го купи крстот Аталах, познатиот приврзок што го носеше принцезата Дијана, на аукција во средата, објави аукциската куќа „Сотби“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bitter Medya (@bitter_live)


Луксузниот приврзок, кој во 1920 година го изработи познатиот британски златар Гарард, принцезата Дијана го носеше во неколку наврати.

Крстот со кристален аметист е продаден за 163.800 фунти (околу 187.000 евра) на аукцијата одржана во средата во Лондон.

Со тоа, приврзокот, кој принцезата Дијана го носеше на хуманитарна гала во Лондон во 1987 година, се продаде за двојно повисока цена од проценетата. Покрај аметистот, крстот е украсен со дијаманти од вкупно 5,25 карати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WWD Korea (@wwdkorea)


„Накитот што го поседуваше или носеше принцезата Дијана ретко се наоѓа на пазарот, особено кога станува збор за накит како што е крстот Аталах, кој е во бои, смел и посебен“, изјавила пред продажбата Кристијан Спофорт од аукциската куќа „Сотби“.

Претходно, Ким Кардашијан (42) го носеше фустанот во кој американската актерка Мерилин Монро во 1962 година му ја отпеа „Happy Birthday“ на претседателот Џон Кенеди на гала вечера во музејот Метрополитен во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Wilczewska (@wilczewskaa)


Музејот на „Рипли“, сопственик на легендарниот фустан, подоцна мораше да ги негира обвинувањата дека Ким Кардашијан го оштетила фустанот додека го носела.

Бизарно: Ким го „извадила“ задникот и ослабнала 8 килограми за да влезе во прочуениот милионски фустан на Мерилин Монро

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот