ФОТО | Колинда Грабар Китаровиќ изгледа двојно помлада: Поранешната хрватска претседателка ги воодушеви сите со совршената линија

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ по долго време објави фотографии на социјалните мрежи. Во објавата, Колинда се пофали дека оваа година успешно ја започнала, но она што на сите им падна во очи е нејзиниот физички изглед.

Имено, Колинда објави фотографии од Мароко, каде уживала и работела три недели, а преку објавата решила да се заблагодари за гостопримството.

Фото: Instagram / kolinda_gk

„Пријатен и плоден почеток на новата година во прекрасното Мароко, „Кралството на зајдисонцето“, како што гласи неговото име на арапски. Три недели напорна работа, но и релаксирачки моменти во Маракеш и суровата убавина на Атласот. Благодарам драг пријателе Калил за гостопримството“, напишала Колинда покрај фотографиите.

Поранешната претседатекла предизвика бројни позитивни реакции кај следбениците и јавноста, кои велат дека изгледа подобро од кога било досега.

Фото: Instagram / kolinda_gk

На фотографиите Колинда може да се забележи дека има завидна фигура, изгледа двојно помладо и очигледно е дека одлично се чувствува во своја кожа откако со упорност и дисциплина успеала да го изгуби и последниот вишок килограми.

Фото: Instagram / kolinda_gk

Инаку, Колинда Грабар Китаровиќ беше претседател на Хрватска од 2015 до 2020 година. Неодамна многу се зборуваше за нејзиното слабеење, кое наводно се должи на нејзината диета со липосукциска диета (многу масти и протеини и намален внес на јаглехидрати).

Фото: Instagram / kolinda_gk

 

ФОТО | Колинда Грабар Китаровиќ во Киев во маица со силна порака и во украинска народна носија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот