ФОТО | Колинда Грабар Китаровиќ во Киев во маица со силна порака и во украинска народна носија

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ (55) неодамна на Украинците им испрати порака за поддршка во борбата против руската агресија, а сега откри дека го посетила главниот град на Украина.

„Вчера во Киев. Ден на независноста на Украина“, напиша Колинда на социјалните мрежи.

Коментарите веднаш беа полни со поддршка за Грабар Китаровиќ, нарекувајќи ја убавица и кралица.

„Соодветна облека, браво за поранешната претседателка“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

Колинда пред неколку дена позирала во маица на која пишува „freedom“ (слобода) и маскирни панталони, а сега била во украинска народна носија.

„Тоа е нивна рачна работа. Многу соодветно, браво“, ѝ напишале обожавателите на Грабар Китаровиќ.

Ова не е првпат Колинда да ја посети Украина. На крајот на април таму го прославила својот 55-ти роденден, кога го споделила своето мачно искуство. Тогаш ја разбудиле сирените во киевската зона.

– Додека по мрачните ходници го пронаоѓав патот до безбедноста на засолништето, животите, иднината, надежите и соништата на децата, жените и мажите кои живееја на влезот број еден од зградата на улицата Комарова во Уман, ги распрсна руски проектил. Некој намерно ги избрал, ги таргетирал и ги убил. И тој некој мора да одговара за тоа. Се сеќавам колку го ценев животот кога поминунав време во хрватските засолништа. Но, ние толку брзо забораваме…“, напишала таа покрај фотографијата со кадифени играчки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот