ФОТО: Кокошка се обидела да влезе во Пентагон

Пентагон / Фото: МИА

Една кокошка била „уапсена“ додека се шетала во заштитениот простор на Пентагон, една од најзаштитените згради во светот, соопшти денеска организацијата за права на животните.

Вработените во организацијата Лига за благосостојба на животните во Арлингтон беа поканети да ја земат кокошката во понеделникот и да ја вратат во кокошарникот.

За обидот за „инвазија на кокошката“ во Пентагон пишуваше и Military Times.

Весникот на шега праша дали кокошката едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или всушност е шпион во мисија да украде некои државни тајни.

Корисниците на социјалните мрежи предложија кокошката да се вика Етел Розенберг, позната Американка уапсена за шпионирање за Советскиот Сојуз во 1950-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот