ФОТО: Кои холивудски ѕвезди го победија ракот и како се бореа со најтешката битка во животот

Октоври во календарот е обележан како Меѓународен месец за борбата против рак на дојка и се слави во многу земји во светот, со цел да се подигне свеста за редовни прегледи. Со рано откривање и навремено започнување со третман, ракот се лекува!

Познати ѕвезди кои излегоа од најтешката битка во животот како победници, често зборуваат на оваа тема, со цел со своето искуство да им помогнат на оние кои се соочуваат со оваа болест.

Instagram

Синтија Никсон

Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“, Синтија Никсон, во 2008 година објави дека боледува од рак на дојка, кој го победи со зрачење. Нејзината мајка се борела со оваа болест двапати, прв пат кога актерката имала само 13 години. Никсон го сподели своето тешко искуство со светот и стана амбасадорка на организацијата „Susan G. Komen for the Cure“.

Instagram

Анџелина Џоли

Актерката Анџелина Џоли реши да се оперира од страв нејзините деца да не останат без мајка. Во 2013 година, таа беше подложена на двојна мастектомија по позитивен тест за геном „BRCA1“. Позитивните резултати од овој тест значат дека жената има големи шанси да добие рак на дојка.

Instagram

Кети Бејтс

Откако ја победи битката со рак на јајници во 2003 година, Кети Бејтс храбро се избори со враќањето на болеста – рак на дојка во 2012 година. На 64 годишна возраст, Бејтс беше подложена на двојна мастектомија. За среќа, за овој третман не било потребна хемотерапија или зрачење.

Instagram

Кајли Миног

Австралиската пејачка Кајли Миног откри дека имала рак на дојка во 2005 година, кога имала само 36 години. Нејзината отвореност и голема животна битка мотивираше многу млади жени да одат на редовни прегледи со цел навремено и успешно да се излечат доколку се детектира присуство на болеста.

Instagram

Џулијана Ранчиќ

По неколку неуспешни третмани со ин-витро оплодување, водителката Џулијана Ранчиќ побарала од лекарите да направи мамограф, кој резултирал со дијагностицирање на рак на дојка. Благодарение на брзата операција, како и на големата љубов и поддршка од семејството, Џулијана ја победи оваа болест.

Instagram

Анастејжа

На пејачката ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 2003 година. За среќа, бил откриен во многу рана фаза и неговиот третман бил успешен. Познатата пејачка била подложена на двојна мастектомија откако болеста по втор пат ѝ се вратила во 2013 година.

Instagram

Шерил Кроу

Пејчката го победи ракот на дојката во 2006 година, благодарение на редовен преглед на кој било забележа рана фаза на тумор. Шерил поминала со минимална операција и седум неделно зрачење. Поради нејзината болест, пејачката користела специјална диета која се состоела од риба, ореви, разнобоен зеленчук и здрави зачини.

По борбата со рак на дојка, рок ѕвездата купи фарма во близина на нејзината сестра во Нешвил и посвои две деца кои како што вели таа ѝ ја вратиле вербата во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот