ФОТО | Клои Кардашијан го покажа лицето по операцијата: Имав рак на кожата

Фото: Инстаграм/Клои Кардашијан

Реалити ѕвездата Клои Кардашијан јавно покажа како изгледала по операцијата на меланом на кожата, откако со пошироката јавност ја сподели веста дека имала рак на кожата.

„За оние кои не знаат, јас имав рак на кожата на лицето. Мојот ангел, д-р Гарт Фишер е оној кому ја доверив операцијата за отстранување на туморот. Тој беше неверојатен. Не само што ми го отстрани туморот и се погрижи целосно да го победам ракот, туку и направи да имам најминимална лузна на лицето. Гарт, ти благодарам. Знаеш дека те обожавам“, напиша таа на својот Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Клои Кардашијан

Реалити ѕвездата објави неколку фотографии, а на едната го покажа лицето веднаш по операцијата, со конци на образот. На други фотографии покажала како изгледала вдлабнатината што ја имала по операцијата, а открила и дека ќе ја пополни со филери.

„Чекав повеќе од девет месеци за да го направам ова. Трпението е сè, и секако, моравме медицински да се погрижиме сè да биде безбедно“, напишала таа.

 

Таа исто така додала дека додавањето филер на образите ќе биде нешто што секогаш ќе мора да го прави.

„Изгледам лудо на овие фотографии, но среќна сум што моето лице полека се враќа во нормала“, напишала таа покрај фотографијата на која се гледа како изгледа по првиот круг филери.

Таа им се обрати на своите следбеници и ги посоветува да одат на лекар за преглед на кожата.

Клое првпат откри дека има тумор во октомври 2022 година, откако во медиумите беше објавена фотографија на која носи фластер на образот.

ФОТО | Клои Кардашијан: Бев на итна операција, ми отстранија малиген тумор од лицето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот