ФОТО | Клои Кардашијан: Бев на итна операција, ми отстранија малиген тумор од лицето

Клои Кардашијан / Фото: Инстаграм, Клои Кардашијан

Во последно време, Клои Кардашијан беше забележана со фластер на лицето во неколку наврати, нешто што ги вознемири нејзините обожаватели.

Со неколку објави на Инстаграм, ѕвездата на реалните шоуа ја објасни ситуацијата и откри дека неодамна ѝ отстраниле малиген тумор од лицето.

„Видов бројни објави на Инстаграм за фластерот на моето лице, на кои некои од вас се прашуваат зошто го носам изминативе неколку недели.“

Фото: Инстаграм, Клои Кардашијан

„Откако забележав мала испакнатина на моето лице и претпоставив дека е нешто мало како мозолче, решив да направам биопсија откако сфатив дека седум месеци не се повлекува.“

„Дерматологот д-р Тес Маурисио го прегледа, а беше направена и втора биопсија од д-р Даниел Берузан бидејќи двајцата забележаа нешто што е ретко за некој на моја возраст. Неколку дена подоцна ми кажаа дека ќе мора да ми направат итна операција за да ми го отстранат туморот од лицето. Го побарав д-р Гарт Фишер, драг пријател на моето семејство и еден од најдобрите хирурзи во Беверли Хилс, бидејќи знаев дека ќе поведе добра грижа за моето лице.“

„Благодарна сум што можам да ви кажам дека д-р Фишер успеа да отстрани сè – сите резултати се добри и сега сум во процес на закрепнување. Па, тоа е тоа… Ќе продолжите да ме гледате со фластер и, кога ќе имам дозвола, веројатно ќе ја видите и лузната“.

Фото: Инстаграм, Клои Кардашијан

Меѓу другото, Кардашијан им порача на своите следбеници да водат грижа за лицето.

„Патем, ја споделувам оваа приказна со вас за да ве потсетам сите да одите на преглед, и тоа често. На 19 години имав меланом на грбот и исто така ми направија операција за отстранување. Па, склона сум кон меланоми. Дури и оние кои не се, треба да се проверуваат цело време. Јас сум личност која секој ден носи крем со заштитен фактор, што значи никој не е имун на овие работи. Ве молам сфатете го ова сериозно и редовно прегледувајте се сами и на лекар“.

Фото: Инстаграм, Клои Кардашијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот