ФОТО | Ќерката на Мајкл Џексон снимена како плаче на улица: Талкала разбушавена, сите се прашуваат што се случува!
Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот крал на поп-музиката Мајкл Џексон, ја загрижи јавноста.
Препорачано
Како што може да се види во видеото, Парис била видливо вознемирена и потресена.
Оваа снимка е направена само неколку недели откако беше обележана 16-годишнината од смртта на нејзиниот татко.
Paris Jackson bursting into tears during a solo walk pic.twitter.com/As9E3WYLNI
— favs pop culture (@favspopculture) July 23, 2025
Со оглед на тоа што токму тој ден таа имала концерт, Парис беше критикувана од многумина на социјалните мрежи. Во таа пригода, таа порача: „Фактот што настапувам на тој ден не значи дека сум заборавила. Никој не треба да ми одредува ќе тагувам.“
Инаку, Парис е позната како личност која многу често ги покажува своите емоции јавно и фотографите веќе неколкупати ја „фатиле“ како плаче на улица.
Paris Jackson bursting into tears during a solo walk pic.twitter.com/As9E3WYLNI
— favs pop culture (@favspopculture) July 23, 2025
Нејзиниот татко, легендарниот крал на поп-музиката, Мајкл Џексон, почина на 25 јуни 2009 година на 50-годишна возраст, од последици на предозирање со лекови на рецепт.
Да потсетиме, единствената ќерка на Мајкл Џексон (има два браќа), Парис призна на почетокот на оваа година дека имала проблеми со алкохолот и хероинот.
„Здраво, јас сум ПК, алкохоличарка и зависничка од хероин. Денеска се навршуваат пет години откако сум чиста и трезна од сите дроги и алкохол. Да кажам дека сум благодарна би било потценување“, почнала таа, а потоа додала:
„Денес можам да се смеам затоа што сум трезна. Можам да создавам музика. Можам да ја доживеам радоста што ја добивам, бидејќи ги сакам моите кучиња и мојата мачка. Можам целосно да чувствувам кршење на срцето. Можам да тагувам. Открив дека животот продолжува без разлика на тоа дали сум трезна или не, но денес конечно можам да бидам тука.“
Во истата пригода, Парис објави снимки и фотографии од периодот кога земала дрога и се опивала.
Парис е свршена со Џастин Лонг, кој, како што истакнала, е нејзината најголема поддршка во тешките моменти.
ВИДЕО+ФОТО | Парис Џексон: На четиринаесет години се обидела да се самоубие поради сајбербулинг


