ФОТО | Ќе ви разбуди носталгија: Тони Зен и Слаткар на заедничка дружба со синовите

Фото: Инстаграм/Тони Зен

Македонските рапери Тони Петковски, познат како Тони Зен, и Марко Маринковиќ, познат како Слаткар, имаа бројни музички соработки во минатото, чии песни и ден-денес се пуштаат на радиостаниците и во ноќните клубови.

Денес Тони Зен не прави многу комерцијална музика и, пред сѐ, работи како диџеј, а Слаткар сѐ уште е актуелен и постигнува одлични успеси на регионалната музичка сцена, посебно во Бугарија.

На голема радост на нивните обожаватели, Тони Зен сподели нови фотографии од неодамнешна дружба со Слаткар, на кои се гледа дека и нивните синови, Јасен и Моша, исто така се другари.

„Јасен и Моша, Тони и Марко“, напиша раперот во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Тони Зен
Фото: Инстаграм/Тони Зен

Искрено со Марко Маринковиќ – Слаткар: Пет години немав пиено алкохол, кога се одвојував од старата „љубов“ за мене беше Сибир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот