Севернокорејскиот лидер со ќерката тестира оружје/Фото: STR / AFP / Profimedia

ФОТО | Ким Џонг Ун како „Валканиот Хари“, пукаше заедно со малолетната ќерка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговата малолетна ќерка Ким Џу Ае посетија фабрика за производство на муниција. Таткото и ќерката направија пробни фотографии, а Ким зазеде холивудска поза како „Валканиот Хари“ во истоимениот филм со Клинт Иствуд.

На фотографиите објавени од официјалната новинска агенција на земјата (КЦНА), се гледа како Ким и неговата ќерка ги проверуваат објектите, а потоа пукаат од разни видови оружје. Според КЦНА, Ким тестирал нов пиштол кој неодамна влезе во производство, опишувајќи го како „одличен“.

Ким Џонг Ун тестира оружје/Фото: STR / AFP / Profimedia

Според агенцијата, Ким рекол дека „фабриката е од витално значење за снабдување на војската и безбедносните сили со пиштоли и друго лесно оружје и повикал на проширување на производствениот капацитет и инсталирање на посовремени производствени линии“.

Малолетната ќерка на Ким Џонг Ун пука од пиштол/Фото: STR / AFP / Profimedia

Се чини дека девојчето е промовирано како наследничка на севернокорејскиот лидер, бидејќи често го придружува татко ѝ на разни важни настани, како што се паради, лансирања на ракети и инаугурација на клучна инфраструктура. Според разузнавачката агенција на Јужна Кореја, Ким Џонг Ун веројатно ја подготвува за свој наследник.

Ким Џонг Ун тестира оружје/Фото: STR / AFP / Profimedia

Во средата, севернокорејскиот лидер, повторно придружуван од малолетната ќерка, ги надгледуваше тестовите на стратешките крстосувачки ракети лансирани од разурнувачот Чое Хјон на кој се качија.

Ким Џонг Ун најави зголемување на нуклеарниот арсенал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот