ФОТO: Ќерката на Рис Витерспун копија на својата мајка – изгледаат речиси идентично
Актерката Рис Витерспун и нејзината 21-годишна ќерка Ава Филипе честопати се појавуваат заедно во јавноста и речиси е невозможно да не се забележи нивната необична сличност.
Препорачано
Деновиве Витерспун на својот профил на „Twitter“ сподели заедничка фотографија со својата ќерка на која изгледаат речиси идентично. Тие позираат со исти празнични џемпери. И двете имаа црвен кармин и исти шолји за чај.
„Добро. Вистина е дека морав да ја молам да облечеме ист празничен џемпер… но зарем не е преслатко??!!“, напиша Витерспун во описот на фотографијата која за кратко собра над 1,7 милиони лајкови.

Многу познати личности коментираа на прекрасната фотографија меѓу кои Џенифер Гарнер, Селма Блер, Дру Баримур и Падма Лакшми поздравувајќи го нивниот празничен и речиси идентичен изглед.

Сличноста помеѓу 21-годишната Ава и 44-годишната актерка остави без здив многу обожаватели.
„Дали е тоа твојата ќерка? Изгледате како близначки“, беше еден од коментарите.
Филипе често отворено зборува за тоа колку е блиска со нејзината мајка споделувајќи заеднички фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм, а очигледно истото се обидува да го направи и Рис.
Објавата на Твитер:
Ok. It’s ? true that I had to beg her to wear a matching Holiday sweater…. but isn’t it CUTE??!! #humorme #itsamomthing ? @draperjames pic.twitter.com/D5xqy2py8r
— Reese Witherspoon (@ReeseW) December 7, 2020


