ФОТО | Касандра се оглaси за ситуацијата во Венецуела: На сликата доминира маица со два збора
Кораима Торес, венецуелската актерка позната по ликот на Касандра од истоимената серија од 90-тите, вторпат се огласи за ситуацијата во нејзината родна земја по американската воена операција и апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Препорачано
Актерката прво се огласи и напиша една реченица, молејќи се за својата земја.
„Никој не спие, Венецуела“, напиша Торес.


Актерката потоа објави фотографија од еден од своите обожаватели на својот инстаграм-профил како приказна.
На фотографијата доминира маица со боите на венецуелското знаме, а на облеката се напишани два збора – „Venezuela libre“, односно, преведено на македонски „Слобода на Венецуела“.

Како што е познато, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведе голема воена операција во главниот град на Венецуела, Каракас, насочена кон повеќе делови од градот. Исто така, претседателот на таа земја, Николас Мадуро, и неговата сопруга беа уапсени и однесени во Њујорк на судење.
Акцијата, според достапните податоци, траела помалку од 30 минути, а потоа Мадуро бил префрлен во воздухопловната база Стјуарт во државата Њујорк.
Ситуацијата низ Венецуела е напната по апсењето на Мадуро.
Кораима Торес е венецуелска актерка која ја започнала својата кариера кон крајот на осумдесеттите години.
Нејзините први улоги биле во теленовелите „Гарденија“ и „Алондра“. Со улогата на Касандра во истоимената теленовела, таа станала позната во странство, како и во Македонија.
Растат тензиите: Во Венецуела досега уапсени петмина Американци
„Ќе те снајде полошо од Мадуро“: Трамп ѝ се закани на новата лидерка на Венецуела


