Камерон Дијаз и Бенџи Маден / Фото: Arturo Holmes / Getty images / Profimedia

ФОТО | Камерон Дијаз стана мајка по третпат на 53 години, сопругот го сподели името на синот

Камерон Дијаз (53) и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден (47), добија трето дете. Радосната вест дека на свет дошол нивниот син Наутас Маден ја сподели гордиот татко на социјалните мрежи.

„Камерон и јас сме среќни, возбудени и неизмерно благословени што можеме да го објавиме раѓањето на нашето трето дете, Наутас Маден. Добредојде на светот, сине!“, напиша Маден на Инстаграм.

Тој додаде дека нивното семејство ужива во новото поглавје.

„Го сакаме животот со нашето семејство – децата ни се здрави и среќни и за тоа сме благодарни. Навистина уживаме. На сите им испраќаме најубави желби“, сподели среќниот татко.

Дијаз, пак, во коментарите сподели низа емотикони со срца.

Со објавата беше споделена и илустрација на брод, како симболика на името Наутас, кое значи морепловец, навигатор, патник – личност која тргнува на патување и не се плаши од непознатото.

Фото: Инстаграм

Парот, кој стапи во брак во 2015 година, веќе има две деца – ќерката Радикс, родена во 2019 година, и синот Кардинал, кој пристигна во 2024 година.

Дијаз претходно зборуваше за мајчинството во подоцнежна возраст, истакнувајќи дека тоа е свесна одлука.

„Кога создавате семејство млади, тоа едноставно се случува. Но, кога сте во моите години, тоа е избор за кој навистина треба да се потрудите“, изјави таа во интервју.

Бенџи Маден и Камерон Дијаз со синот Кардинал / Фото: – / INSTAR Images / Profimedia

На шега додаде: „Единствениот притисок што го чувствувам е дека морам да доживеам, да речеме, 107 години. Нема друг притисок!“

Според странските медиуми, двојката со години се соочувала со проблеми со неплодност и на крајот добила деца со помош на сурогат-мајка, по бројни обиди со медицински потпомогнато оплодување.

„Поминуваа низ многу за да стигнат до ова“, откри извор близок до семејството, додавајќи дека актерката го доживува мајчинството како вистинско чудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот