Камерон Дијаз и Бенџи Маден / Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

ФОТО | Камерон Дијаз по долго време „уловена“ со шест години помладиот сопруг на прошетка во Њујорк

Камерон Дијаз (53) и Бенџи Маден (47) беа фотографирани во ретко заедничко појавување во јавноста во Њујорк, пишува „Дејли мејл“.

Двојката, која ретко се појавува во јавноста, беше видена заедно за првпат по четири месеци, а нивното појавување доаѓа во време кога Дијаз постепено се враќа на глумата по 10-годишна пауза.

Актерката и рокерот од „Гуд Шарлот“ се шетаа низ градот во лежерни модни комбинации. Камерон носеше бела маица, широки црни панталони и црна јакна, а изгледот го комплетираше со црна чанта на половината и лента за глава со леопардски принт. Бенџи избра црвено-жолта карирана кошула преку црна маица и широки панталони, а на главата носеше бејзбол капа.

Двојката е во брак од 2015 година, а се запознаа преку Никол Ричи и братот на Бенџи, Џоел Маден. Тие имаат две деца заедно, ќерката Радикс (6) и синот Кардинал (2).

Камерон се повлече од Холивуд во 2014 година по филмот „Ени“, а се врати на глумата дури минатата година со филмот „Назад во акција“, во кој глумеше покрај Џејми Фокс. Таа наскоро има голем број нови проекти.

Еден од нив е „Шрек 5“, чија премиера е закажана за 2027 година. Дијаз повторно ќе ѝ го позајми гласот на Фиона, заедно со Мајк Мајерс и Еди Марфи, а на екипата ќе ѝ се придружи и Зендаја, која ќе ѝ го позајми гласот на Фелиција, ќерката на Шрек и Фиона.

Таа ќе глуми и покрај Бенисио дел Торо во филмот „Реконструкција“, за кој досега се знае многу малку бидејќи деталите за заплетот се чуваат во тајност, а снимањето се очекува наскоро да започне во Лос Анџелес.

Дополнително, Дијаз потпиша договор за филмот„Лош ден“, во режија на Џејк Шимански, познат по серијата „Должност на жирито“. Филмот ја следи самохраната мајка за време на најлошиот ден од нејзиниот живот и е опишан како хумористична верзија на трилерот „Ден на лудилото“ од 1993 година, во кој глуми Мајкл Даглас.

ВИДЕО | Сопругот на Камерон Дијаз изјави: „Се плашам од неа, понекогаш е навистина страшна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот