ФОТО | Камерниот оркестар на Битола ги оживеа најголемите „Ем-ти-ви“ хитови од 80-тите и 90-тите

Фото: МИА

Во Националната опера и балет во Скопје, Камерниот оркестар на Битола, вчеравечер одржа спектакуларен концерт со евергрини, именуван „Најголемите Ем-ти-ви хитови“ („MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!”).

Сите се сеќаваме на деновите кога „Ем-ти-ви“ беше прозорец кон еден нов, и бескраен свет на музика и емоции. Во тие времиња, секој акорд, секој стих носеше во себе честичка од младоста и енергијата која ги одбележа тие децении.

Фото: МИА

Имајќи ја во предвид важноста на музиката од тој период, Камерниот оркестар на Битола го подготви спектактуларниот проект „Најголемите Ем-ти-ви хитови “ („MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!”), кој за првпат беше изведен во Центар за култура- – Битола на 14 септември 2023 година, а картите за концеротот беа распродадени за само три часа.

Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите оживеаа на сцената благодарејќи на Камерен оркестар на Битола пренесувајќи ја магијата на тие времиња. MTV 80’s & 90’s не беше само музички период – тоа беше ера која ја дефинира иднината.

По воодушевувачкиот концерт, што се одржа во полната сала во Центарот за култура – Битола, Камерен оркестар на Битола одлучи овојпат скопската публика да ужива во нивните изведби.

Фото: МИА

Со преку 100 учесници, вклучувајќи 10 изведувачи (домашни и странски), оркестар во полн состав, поп рок хор и балетски играчи при Национална Опера и Балет, присутните имаа можност да уживаат во најголемите хитови на безвременските Тина Тарнер, Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Шер, Аеросмит, Рики Мартин, Алана Мајлс, Чака Кан, Мадона и многу други.

Фото: МИА

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со останатите присутни, уживаше во звуците на безвременските хитови.

„Секогаш сум пресреќна кога се случуваат културни настани во земјава, а посебно ме радува интересот на нашите граѓани за она што имаат да го покажат нашите изведувачи. И овој концерт е потврда за квалитетот на нашите артисти и негувањето на културата на нашето тло. Се надевам дека и во иднина, како и досега Камерен оркестар на Битола ќе доживува огромни успеси во државата, но и надвор од границите”, потенцираше Костадиновска-Стојчевска, по завршување на концертот.

Концертот на Камерен оркестар на Битола, беше проследен со огромни овации од страна на присутните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот