ФОТО | Седум милиони цвеќиња: Се отвора една од најубавите цветни градини во светот

Фото: Flickr/Wikimedia Commons

Наскоро се отвора една од најубавите ботанички градини во светот. Тоа е Кеукенхоф во Холандија, кој е познат и како Градината на Европа.

Ова е една од најголемите цветни градини во светот, која се протега на 32 хектари. Таму секоја година се садат над 7 милиони цвеќиња, од кои 800 се лалиња, најпознатите цвеќиња во Холандија. Исто така, Кеукенхоф со години се вбројува меѓу најубавите места во светот.

Фото: Wikimedia Commons

Градината Кеукенхоф се наоѓа во Лисе, во регионот Боленстрик и е на кратко растојание од туристичките градови како Амстердам и Харлем. Ова го прави идеално место за еднодневно патување и привлекува над милион гости секоја година.

Фото: Wikimedia Commons

Инаку градините во Холандија, постојат од 1949 година, а за посетители се отворени само од крајот на март до почетокот на мај. За тој краток период, Кеукенхоф секоја година успева да привлече повеќе од милион луѓе. Освен со лалиња, четирите павилјони на Кеукенхоф се украсени и со колекција од зумбули, нарциси, орхидеи, рози, каранфили, ириси, лилјани…

Фото: Wikimedia Commons

Годинава Кеукенхоф ќе биде отворен за посетители од 23 март до 14 мај, и ќе работи со ограничен капацитет во текот на денот и времето на влегување во паркот. Затоа е мудро да си резервирате билет однапред.

Фото: Wikimedia Commons

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот