ФОТО | Изгледа запоставено и нерасположено: Мет Лебланк непрепознатлив откако го напушти Холивуд
Мет Лебланк, ѕвездата на популарната серија „Пријатели“ е фотографиран во едно од ретките појавувања во јавноста откако се откажа од кариерата во Холивуд и моментално продава луксузни автомобили во Лос Анџелес.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Она што особено го привлече вниманието на обожавателите на култната серија е физичкиот изглед на актерот, кој по многу нешта се разликува од оној во серијата. Имено, од 1994 до 2004 година, Мет го толкуваше ликот на Џои Трибиани во популарниот ситком, во кој глумеа и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и покојниот Метју Пери.

По завршувањето на серијата, тој се појави и во серијата „Џои“, пред да се појави на „Топ гир“ до 2018 година. Неговото последно појавување на екраните беше во 2021 година кога екипата на „Пријатели“ повторно се обедини за специјална епизода.
Минатиот месец беше откриено дека тој се посветил на својата љубов кон автомобилите со инвестирање во луксузен салон за автомобили во Лос Анџелес, чиј косопственик е од 2020 година.

Последниве години Мет ретко беше во јавноста, но неодамна беше фотографиран додека беше на пазарење во Лос Анџелес. Актерот изгледаше запоставено и нерасположено. Со некој килограм вишок и во опуштено издание, обожавателите тешко го препознаа.


